← НАЗАД НА БОЗА

Познатите ѕвезди на поштенски марки

Познатите ѕвезди на поштенски марки
805 Читања

Пол Макартни, Памела Андерсон, Натали Портман и многу други познати вегетаријанци си добија поштенски марки со својот лик. ПЕТА ги оковечи во знак на благодарност бидејќи ги почитуваат правата на животните и што е најважно, не ги јадат.

Пред некој ден, најпознатата организација за заштита на правата на животните ги издаде марките со лицата на познатите вегетаријанци.

–        Размислете пред да јадете и размислете да им се придружите на милионите луѓе, меѓу кои и овие познати ѕвезди, кои избрале да живеат и да ги остават и другите да живеат со фактот што станале вегетаријанци. Сеедно е дали на овој чекор се одлучиле бидејќи ги почитуваат правата на животните или поради загриженоста за своето здравје и околината. Постојат безброј причини за да се прифати оваа здрава диета без месо, – пишува на страницата на ПЕТА.

Погледнете како изгледаат маркиците и кој сè се нашол на нив.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk