Голем број на јавни личности учествуваа во рекламната кампања чија цел е собирање финансиски средства за децата во Африка.
Џесика Алба, Боно Вокс, Џорџ Клуни, Ени Ленокс, Хуан МекГрегор и многу други снимија реклама за организацијата „ONE“ која собира средства за помош на малите деца во Африка. Дури 30.000 деца умреле од глад изминативе три месеци.
Актерите, музичарите, манекенките и ТВ лицата во рекламата за кампањата „Нема повеќе глад“ го изговараат зборот кој на англиски почнува на „F“, но не се слуша до крај бидејќи е цензурирано. Подоцна во рекламата станува јасно дека тие всушност не го изговараат зборот „fuck“ како што ни се чини нам, туку се работи за зборот „famine“ кој значи „глад“.
“Глад, е тоа е пцовка“.
Погледнете ја рекламата и видете за што се залагаат овие големи по душа ѕвезди:
httpv://www.youtube.com/watch?v=dzcRSr6PW_o&
