Кај нас постојано се потврдува констатацијата дека преовладуваат мали станови и општо, мали простории. Додека чекаме да се промени овој тренд или да се збогати понудата на поголеми станови мора да се соочиме со она што го имаме. Ако просторот е помал, не значи дека не може да се уреди со стил и да изгледа комфорно и пријатно.
Затоа денес решивме да објавиме неколку кревети на извлекување кои решаваат проблеми во различни ситуации. Нема дом каде не се помислува на екстра кревет на кој ќе може да се дремне преку ден или да се приспособи за нормално ноќно спиење на најавените гости. Токму во тие ситуации до израз доаѓаат овие практични решенија. Тие може да бидат еднакво убави преку ден, перфектно да се вклопуваат во останатиот дел од собата а навечер да ја трансформираат дневната во спална соба. Не смее да забораваме на фактот дека во Македонија постојат голем број семејства кои живеат и по три генерации во еден стан. Дополнителна полза е екстра просторот за складирање постелнина кој го има кај некои модели.






