Sweet Home

Употребување на најпопуларните предемти за уредување на домот според Фенг Шуи методи!

ОГЛЕДАЛА

Мудрото користење на огледала може да прават чуда во било кој простор. Современиот дом е полн со огледала во сите простории, од бањата, низ ходникот до спалната соба. Сепак, постојат правила на Фенг Шуи за тоа како огледалата да го дадат својот максимум и да создадат позитивни вибрации во просторот.Покрај тоа што огледалата внесуваат повеќе светлина во просторот и го прават визуелно попростран, тие исто така носат силно присуство на елементот вода на Фенг Шуи. Огледалата се најефикасни за инсталација во областа на исток, југоисток и север во вашиот дом. Треба да се избегне да се стави огледало во јужниот дел од куќата. Исто така, огледалото директно свртено на влезната врата воопшто не е добро решение.

СВЕЌИ

Свеќите се популарна идеја за украсување на модерен дом. Можете да ги најдете во различни форми, бои и да ги чувате како самостојни или во соодветни садови. Изборот на свеќи од соја или пчелин восок се добар начин за одржување на енергија во просторот. Ваквите свеќи му донесуваат хармонија, среќа и неопходно здравје на семејството.Свеќите се огнен елемент според учењата на Фенг Шуи. Малите свеќи можат да бидат поставени насекаде во просторот за живеење, додека поголемите примероци во огнени бои како црвена, розова, виолетова и портокалова боја треба да бидат на југ, југозапад и североисток. Центарот на вашиот дом може исто така да има голема корист од присуството на свеќи. Пар мали природни свеќи во спалната соба е одличен избор според Фенг Шуи.

РАСТЕНИЈА

Присуството на растенија и нивната живост носи радост и виталност за еден дом. Трендот на украсување на просторот со големи растенија создава чувство на стравопочит и разиграност во домот. Растенијата се дрвен елемент според методот Фенг Шуи и тие се поврзани со хармонија, здравје и раст, и исто така се одлични за украсување на источните, југоисточните и јужните области на вашиот дом.Најдобро е да се избегнат северните области, југозападните и центарот на домот за растенијата. Според учењата на Фенг Шуи, растенијата во спалната соба не се пожелни, освен во случај на многу големи простории, каде растенијата се далеку од креветот.

УМЕТНОСТ

Без разлика за каква уметност станува збор, Фенг Шуи го гледа вашиот избор низ очите на Багуа. Исто така наречена енергетска мапа на вашиот дом, Багуа има специфични потреби што можат да бидат занемарени или игнорирани од одредена уметност. Два фактори се клучни за користењето уметност во домот:енергија изразена како специфичен предмет или чувство и бои и форми како изрази на одредени елементи.

Апстрактно уметничко дело, во светло црвена и виолетова боја, ќе создаде одличен Фенг Шуи во јужниот дел на вашата дневна соба. Истото дело може да создаде хаос во куќата ако се постави на источниот ѕид.Никогаш не избирајте уметнички дела во вашиот дом кои имаат негативно влијание врз вас или ве прават тажни. Суптилната енергија што ја испраќа уметноста придонесува за квалитетот на енергијата во домот.

Напиши коментар