Sweet Home

Еве како изгледа куќата што можете да ја нарачате преку Интернет и да ја составите за 8 часа

Проектите „Направи сам“ или DIY во последните неколку години станаа омилен начин за многумина да се забавуваат и да го поминат слободното време, од наједноставните проекти како што се маски за лице со состојки кои сите ги имаме во фрижидер до целосна конверзија на стари парчиња мебел, но сега се појави нешто што целосно ќе се сменат терминот „направи сам“.

Станува збор за монтажни куќи претставени од Амазон, а штом ќе пристигнат на вашата адреса, можете да ги составите за само 8 часа. Потоа, сами одлучувате дали да ја претворите во куќа за гости, своја оаза, затворена градина, остава, чајна кујна или можеби ателје.

Овие слатки колиби доаѓаат во големини од 10 до 20 квадратни метри, а за нив ќе мора да платите помеѓу 4500 и 8000 долари.

Што ќе кажете за овие „направи сам“ куќички, дали тие се иднината на живеењето или едноставно бизарни?

Напиши коментар