Секој фризер поинаку ве советува, на интернет или по списанијата среќавате сосема спротивни ставови. Како да знаете кое е правилното решение за вашата коса?
Еден ви кажува дека не смеете да ја триете косата со пешкир за да ги избегнете расцветените врвови, треба само нежно со мека памучна крпа да поминете по неа. Друг пак ви вели дека, нема никаква поврзаност помеѓу цветот на косата со начинот на бришењето.
Логично е да сте збунети, не знаете како да постапите. Озгора се јавува и дополнителен проблем. Природно вашата коса по миењето се прекршува, а вие сакате да ви е исправена.
Кој е полесниот начин да го спречите прекршувањето?
Познатиот светски фризер на Angelina Jolie, Ted Gipson вели дека тој ја суши косата 50% , значи полу сува, па потоа употребува четка за да ја исправи.
Значи ако брзате, можете да започнете со сушењето на косата веднаш штом ќе излезете од бањата, а потоа кога е полу сува поминувате со четката. Секако дека подобра варијанта е да ја оставите косата да се исуши сама од себе.
Сепак тоа што ѝ дава сјај и здрав на изглед на вашата коса се квалитетните производи, со фенот се постигнува само лажен ефект и среден изглед.
