Bridal

Прекрасна ретро свадба

Венчавката е најубавиот ден во животот за младенците, а нејзиното планирање трае долго време, бидејќи за совршена свадба се потребни „мал милион“ ситници и детали. Дали сте завршиле добра работа или не ќе дознаете на денот на самата свадба, но и по свадбените фотографии.

Овојпат решивме да ви претставиме една прекрасна ретро свадба на млада американска двојка. Хедер и Џејмс решиле својата свадба да ја направат во ретро стил, бидејќи и двајцата се фанови на 50тите. Тие се познавале уште од деца, а решиле да се земат неколку години по завршувањето на средното училиште.

Тие велат дека сакале забавна свадба во необичен стил, но дека планирањето не било воопшто лесно и дека имале помош од целото семејство. Свадбената забава изгледала како игранка во некој бар од 50тите години на минатиот век, а најголемо внимание привлекле ретро моторциклот и аранжманите со бомбони и тапи од пивски шишиња. Бидејќи „една слика вреди илјадници зборови“ погледнете ги фотографиите од нивната свадба, која се одржала во Санта Моника:

 

 

Напиши коментар