Здраво тело

Причини за дебелеење

Речиси секоја жена барем еднаш се борила со вишокот на килограми, но таа борба да биде успешна потребно е да се најде причината…

Се здебеливте… можни причини !!! Вашата е сигурно во листата…

Неконтролирана исхрана

Во текот на денот јадеме толку нездрави ситници, што за тоа многупати не сме ниту свесни. Обидете се да водите евиденција за тоа колку о што јадете во текот на денот. Не станува збор за броење на калориите, туку за контролирање на нездрави грицки и слатки кои се магнет за килограмите.

Женска генетика

Дали вашата мајка добила многу килограми за време на бременоста? Ако е така, и тоа би можело да биде резултат на вашата борба со килограмите. Истражувањата покажале дека постои голема веројатност дека жените кои во текот на бременоста насобрале поголем вишок на килограми, да имаат деца кои исто така ќе бидат со вишок на килограми.

Недостаток на физичка активност

Сите многу добро знаеме дека со вежбањето се топат килограмите. Но тоа што многумина не го знаат е дека жените кои не се физички активни неможат да ја потрошат ниту основната дневна доза на калории. Освен што е добро за здравјето, вежбањето го забрзува метаболизмот и ги топи килограмите

Прескокнување на појадокот

Метаболизмот функционира како автомобил. Ако не го наполните со бензин, нема да може да тргне. Појадокот е гориво кое ви дава сила, но и потребната енергија за покревање на метаболизмот кој ја разградува храната и маснотиите

Алкохол

Повеќето жени не го гледаат проблемот со повременото пиење на алкохолни пијалаци, но имате ли проблем со вишокот на килограми, имајте на ум дека и умереното пиење на алкохол, како чаша црно вино после ручек, може да влијае на неспособноста за губење на тежината.

Премалку спиење

Неправилниот сон доведува и до неправилна исхрана. Најновите истражувања покажале дека недостатокот на сон може да доведе до зголемување на кортизол, таканаречениот хормон на стресот кој го стимулира апетитот. Значи, ако се борите со килограмите, прво обезбедете седум часа редовен сон.

Хормонални нарушувања

Проблеми со хормоните можат да бидат предизвикувачи на таложење на килограми. Тироидната жлезда е мала жлезда која се наоѓа на вратот, под адамовото јаболко, а има функција за контрола на метаболизмот. Доколку се намали нивото на хормони на оваа жлезда, метаболизмот забавува, и може да доведе до проблеми со тежината.

Стрес

Многу е тешко да се изгуби телесната тежина доколку секојдневно сте под стрес. Како и кај сонот кога сте под стрес организмот го ослободува хормонот наречен кортизол, кој го стимулира гладот. Дури и кога не сте гладни, стресот ја стимулира желбата за непотребни закуски. Доколку се најдете во таква ситуација, неколку пати длабоко вдишете и одете.

Премало внесување на храна

Внесувате ли во организмот помалку од 1200 калории дневно, експертите предупредуваат дека организмот го ставате во таканаречена функција на глад. Резултатот е забавен метаболизам кој се бори за секоја калорија и го забавува нивното разградување

Лекови

И лековите можат да бидат причинители за неконтролирано собирање на килограми. Различните лекови, а посебно оние кои содржат стероиди, кои најчесто се користат кај лечењето на различни воспаленија и депресија. Доколку мислите дека лековите се причина за вашата дебелина, консултирајте се со лекар.

Напиши коментар