ШоуБиз

Принцот Хари и Пипа – врска без обврска?!

Пипа Мидлтон и принцот Хари се сликани како играат прилично заводнички и блиску еден до друг за време на венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Фотографиите се појавија во јавност дури сега и веднаш станаа предмет на бројни коментари по скоро сите светски медиуми.

Принцот Хари ја става раката на задникот на Пипа, а на една друга слика таа го храни.

Но, тоа не е се! Постои слика на која јасно се гледа како Пипа, рано наредното утро излегува од собата на Хари, а на себе го носи неговото сако.

Дали постојат уште вакви слики и дали тие двајца тајно се забавуваат, сеуште не знаеме. Сигурни сме само дека на венчавката си поминале лудо и незаборавно.

Со право си се сомневал дечкото на Пипа, па неодамна ѝ се скара. 🙂

Write A Comment