Искористете ги плодовите на есента. Одлично ќе ви помогнат за убавиот, негуван и свеж изглед. Ова се намирниците кои на есен ги има во нашата кујна, а одлично одговараат и за нашето лице.
Грозје – од есенското грозје направете маска за лице.
Доволни ви се неколку зрнца. Излупете ги и испасирајте ги. Процедете ја течноста со газа. Со густиот дел измасирајте се. Нанесте го на лице и масирајте. Потоа со сокот измијте го лицето и оставете уште малку нека делува. На крајот измијте се со млака вода. Оваа маска е идеална за сува кожа која нема сјај.
Јаболка за помлад изглед – изрендајте јаболка.
Ставете ја на претходно исчистено лице. Оставете нека делува 20 минути.
Дуњата лечи – затоа направете тоник од ова вкусно овошје.
Потребни ви се семките. Неколку семки ставете во вода и вријте ги 15 минути. Процедете и оставете нека се излади. Овој тоник нанесувајте го на акните и воспалената кожа. Ќе бидете изненадени од ефектот.
Тиква – искористете ги сите благодети на тиквата.
Сварете едно парче тиква. Испасирајте ја и ставете една лажица мед и една лажица млеко. Оваа маска е идеална за оние кои имаат проблеми со масна кожа.