Убавина

Природни маски за лице

Наместо да купувате готови производи за кожата, понекогаш е подобро да се послужите со она што го имате во фрижидер. Во зависност од типот на кожата, можете да употребите маска од компири, маска од мед, од квасец, маска од домати, од сирење, од банана.

Против брчки

Измешајте две лажици мед и една белка од јајце. Нека ви стои на лицето 20-30 минути. Исплакнете со топла, а потоа со ладна вода. Сепак, оваа маска не треба да се употребува често.

За свежа и мат кожа

Изгмечете еден свеж компир, измешајте го со малку свежо млеко и една жолчка. Измијте со топла, а потоа со ладна вода.

За нечиста кожа

Измешајте еден квасец со млако млеко. Нанесете на лицето и оставете нека се исуши. Измијте со топла, а потоа со ладна вода. Со редовна употреба, тенот станува видливо почист.

Против акни

Излупете еден домат. Доматот се меша со 1 лажичка јогурт,  1 лажичка алое вера гел, 4 капки етерично масло од нане. Направете хомогена смеса од состојките и нанесете ја на лицето. Оставете нека делува 10 минути, потоа измијте го лицето со топла вода.

За чувствителна кожа

Две лажици младо сирење се мешаат со лажица мед, се додека не се добие кремаста смеса. Се нанесува обилно на кожата околу очите и усните. Нека остане на лицето 20 минути. Најдобро е оваа маска да ја отстраните со памук натопен во топло млеко.

За сите типови:

Испасирајте една банана и нанесете ја на лицето. Нека делува 20-30 минути. Најдобро е да ја измиете со чај од камилица. Маската може да се применува 1-2 пати неделно.

Напиши коментар