Убавина

Природните масла се одличен борец против брчките

Дали знаевте дека најголемиот сојузник во борба против брчки и лузни е шишенцето со масло?

Затоа купете повеќе различни масла, и користете ги во секоја прилика. Масирајте се после туширање, или капнете неколку капки во гелот за туширање, ставете во кремата за лице…

Или пак направете богата и хранлива маска за лице која ќе го освежи вашиот тен и ќе ви го врати сјајот на лицето.

Аргановото масло го успорува процесот на стареење, а исто така помага и во процесот на обновува на кожата, па така лузните побрзо ќе се “избришат”.

Се препорачува и на трудниците, бидејќи истегнувањето на кожата во пределот на стомакот, градите а и на целото тело предизвикува појава на стрии.

Масло од роза – се препорачува на оние со сува кожа. Ова масло неверојатно и ја враќа влажноста на кожата. Масажата со ова масло ќе ве опушти. Или пак направете микс од две лажици бадемово масло, една лажица мед, три капки од етерично масло од рози и пет лажици шеќер. Овој пилинг ќе ја исчисти вашата кожа и ќе ја направи свиленкасто мека.

Напиши коментар