Популарниот шпански бренд ни ги претстави своите новитети за потоплите денови.
Иако зимските студови се уште не ни приредиле вистинска главоболка, познатите брендови за висока мода забрзано се подготвуваат за потоплите денови. Така Манго меѓу првите го објави својот каталог за пролетта 2012., а главната улога притоа ја одигра прославената манекенка Anna Selezneva, која во комбинација со лесни и разиграни крпчиња облека успеа да ни ги долови деновите за кои штотуку копнееме.
Дефинитивен хит на таа сезона, судејќи по се ќе бидат плисираните здолништа и фустани, кои со популарност се стекнаа уште есеноска, но мора да признаеме дека лесните материјали и разиграните фалти најубаво изгледаат на пролет и на лето. Освен тоа, спомнатото годишно време не ќе може да се замисли без светло обоениот џинс кој идната сезона ќе биде главен носител на сите модели.
Не треба да ги заборавиме ни комбинезоните во разновидни изданија, кои и во претходните сезони се покажаа како најоптимално и најпрактично решение за топлите денови. Од друга страна, белиот костум сам за себе ја прави базната комбинација и освен ова класична не – боја, Манго ни сугерира да се облекуваме и во нежно розово, лимоново жолто, лосос – бојата како и земјано обоените тонови кои секогаш се актуелни.


























