ШоуБиз

Прстен и ѓердан од 3 милиони долари! А чии се?

Прочуената аукциска куќа „Кристиз“ организира онлајн аукција за накитот и многу други скапоцености кои и припаѓале на актерската легенда Елизабет Тејлор. Меѓу ексклузивните парчиња се наоѓаат и ѓердан и прстен од неверојатни 3 милиони долари.

Инаку, сите знаеме дека Тејлор беше голем обожавател на накит, па поседувала и ретка колекција од дијаманти. На аукцијата ќе се најдат и поефтини парчиња, како на пример обетките „Шанел“, кои чинат околу 100 долари.

Дијамантскиот чердан од бело, 18-каратно злато и дијамантскиот прстен од колекцијата на Тејлор се очекува да се продадат за 3 милиони долари.

 

Напиши коментар