Здраво тело

Пушењето е виновникот за лошата меморија!

Новите истражувања дадоа интересни заклучоци. Дали знаевте дека пушачите почесто забораваат и тоа третина од она што им се случувало во текот на денот!

Но, еве една утеха. На истражувањето е дојдено до заклучок дека оние кои ги оставиле цигарите многу брзо потоа си го враќаат сеќавањето и меморијата им се подобрува, речиси на ниво како на непушачите.

Во истражувањето биле вклучени илјадници луѓе. Тие одговарале на прашањето што правеле во тековниот ден. И замислете! Пушачите не се сеќавале на 59% од работите, оние кои ги оставиле цигарите паметат 74% од она што правеле во текот на денот, а оние кои никогаш не пушеле се сеќавале на 81% од настаните.

Напиши коментар