Убавина

Пушењето ја уништува убавината!

Пушењето е штетно по здравјето! Но, не само здравјето, пушењето ја уништува и убавината. Еве зошто уште веднаш треба да се откажете од цигарите:

Појава на подочници

Истражувањата докажале дека пушачите имаат четири пати поголема можност наутро кога ќе се разбудат да имаат темни и отечени подочници.

Жолти заби

Никотинот остава темни флеки на забите. За да не останат трајно на вашите заби треба да одите на забар и да ви направат професионално белење на забите, а тоа чини доста…

Слаб квалитет на косата

Научниците сметаат дека пушачите имаат кршлива и сува коса, токму поради никотинот.

Жолти прсти

Никотинот од цигарите може да предизвика и пожолтување на прстите и ноктите, а за да го отстраните жолтилото треба напорен труд.

Прерано стареење

Научниците велат дека пушачите изгледаат за 1,5 години постари од непушачите на нивна возраст.

Сува кожа

Кожата на пушачите никогаш не може да делува свежо. Поради големиот внес на јаглероден диоксид кожата ја губи својата можност да апсорбира кислород, а тоа предизвикува сува кожа на која е многу послено да се појават брчки.

 

Напиши коментар