Здраво тело

Рака ореви за здраво тело

Оревите имаат два пати поголемо ниво на антиоксидантот полифенол од сите тврди плодови, и така му помагаат на телото во борбата против слободните радикали, кои ги оштетуваат клетките и предизвикуваат болести, според една студија на Универзитетот во Пенсилванија. Тврдите плодови како бадеми, кикирики, ф’стаци, лешници и индиски оревчиња исто така се богати со масни киселини, витамини и протеини, но научниците предупредуваат дека проблемот е во тоа што луѓето не ги јадат доволно, пишува “Индепендент”.

Една рака ореви содржи речиси двапати повеќе антиоксиданси од било кој друг тврд плод и го штити организмот од болести, а луѓето не ги јадат доволно. Една шака ореви содржи 2,6 грама омега 3 маснио киселини, кои се клучни за развој на мозокот, за подобрување на функцијата на имунолошкиот систем и кардиоваскуларното здравје. Оревите содржат и високо количество мелатонин кој на децата им помага да имаат квалитетен сон и штити од појава на рак. Нашата препорака е дека луѓето треба да  изедат минимум седум ореви на ден – вели главниот истражувач Џо Винсон. Претходните истражувања покажаа дека јадењето ореви ги намалува знаците на стареење и заштитуваат од болести на срцето и некои видови рак.

Напиши коментар