Расел Бренд им откри на своите Твитер обожаватели дека му е забранет влезот во Канада каде требало да настапи. Ова е втор пат Расел да има проблеми од ваков вид. На почетокот од оваа година, тој бил депортиран од Јапонија поради своето полициско досие.
– На помош! Ќе задоцнам на настапот во казиното Раму ако некој не ги присили службениците на канадската граница да ме пуштат да слетам во Орнилија – напишал сопругот на Кети Пери на Твитер. Малку подоцна додал:
– Пуштете ме внатре. Морам да настапам во казиното Раму во Орнилија вечер во 21ч и тоа пред 5000 Канаѓани.
По овој настан се дознава дека шоуто било откажано.
– Жал ми е што не можам да влезам во Канада. Мораме да ги укинеме границите меѓу нашите нации и нашите умови. – гласел еден од неговите статуси на Твитер.
На објаснил зошто му е забранет влезот во Канада, но сигурно ќе ги извести своите обожаватели на Твитер за најновиот развој на настаните.
