Оскаровецот Расел Кроу долго време се бореше со прекумерената тежина, но сега неговите женски обожаватели можат конечно да здивнат и да уживаат во новата линија на „гладијаторот“.
Строгиот фитнес режим му помогнал на 47-годишниот актер повторно да се врати во форма и да заблеска како акционен јунак. Сликата на која Расел е прилично дебел е направена пред околу шест месеци во Беверли Хилс и се гледа дека Расел му се оддал на нездрав начин на живот.
За среќа, на време се врати на правиот пат.
– На мои години, морам да внимавам на сè што јадам. Мора да бидам крајно дисциплиниран. Ако престанам со вежбање, веднаш се дебелеам. И тоа доста брзо, – се зборовите на актерот за неговата нова линија со која често се фали и на својот Твитер профил.

