Здраво тело

Рчењето го оштетува мозокот

‘Рчењето за време на спиење може да доведе до оштетување на мозокот, тврдат австралиски научници.

Во проучувањето учествувале волонтери постари од 40 години, коишто се жалеле на вакви нарушувања за време на спиењето.

Научниците им ги скенирале мозоците на пациентите и установиле дека ‘рчењето за време на спиење го намалува размерот на сивата материја во мозокот (substantia nigra).

Најзафатените области на мозокот се оние коишто одговараат за помнењето, координацијата и концентрацијата.

Според научниците, оние што ‘рчат додека спијат, не треба да возат моторни превозни средства, бидејќи нивната реакција е забавена и може да доведе до сообраќајна несреќа.

Друг опасен фактор е и долготрајното неспиење, коешто е израз на хронична умореност, објаснуваат лекарите.

Напиши коментар