ШоуБиз

Рецептот на Пипа – Како до милиони?:)

Славата која ја стекна на сметка на својот совршен задник, Пипа Мидлтон одлучи паметно да ја искористи.

Иако се зборува дека Пипа не е тип на девојка која некој би посакал да ја ожени, таа сепак си нашла пат кој е вистински за неа.

Со оглед на тоа што веќе се прогнозира дека книгата која таа наскоро ќе ја издаде ќе стане вистински хит во книжарниците, не е ни чудно што со денови таа добивала бројни понуди за на крај да ја прифати најдобрата.

Британските издавачи воделе војна за тоа кој прв да ја издаде книгата што ја пишува Пипа. По дадените понуди, нејзиниот агент Дејвид Годвин направил договор вреден милиони.

Книгата на Пипа за организирање совршени забави ќе биде напишана лично од неа.

–  Пипа не е за брак, но за заработување пари е „полн погодок“.

Напиши коментар