Убавина

Решение за слаба коса

Доколку косата ви е тенка и испукана, пожелно е да избегнувате премногу сонце, но и голем студ. Тие ќе ја направат вашата коса многу послаба отколку што е.

Важно е да водите грижа за исхраната, односно да се храните здраво, особено да внесувате доволно производи кои содржат силициум, како што се овесните снегулки. Понекогаш можете да направите природна маска за коса со 10 лажици бадемово, маслиново и рицинусово масло, како и 1 лажица масло од ружа. Оставете го нека делува во текот на ноќта, само замотајте ја главата со памучна крпа. Наутро измијте ја косата со неутрален шампон. Најдобар ефект ќе постигнете доколку тоа го направите три дена по ред. Според потребите, постапката повторете ја после одредена пауза.

Write A Comment