ШоуБиз

Решете се веќе еднаш! Лаже Бијонсе или не…?

Откако Бијонсе беше гостин во едно австралиско, телевизиско интервју неделата навечер, почнаа да се шират гласини дека лажира и дека носи лажно стомаче. И сето тоа поради еден дел во снимката, каде некако нејасно, но сепак, се гледа како нешто околу 57 секунда на интервјуто се гужва во стомакот на Бијонсе.

Многумина го протолкуваа тоа како лажен стомак кој Бијонсе го носи за да ја наведе јавноста на бременост која воопшто не постои. Никој не помисли дека можеби се работи за самиот материјал на фустанот. На овие гласини, Бијонсе веднаш искоментира дека тоа воопшто не е вистина. Демантираше дека носи лажен стомак и овој пат и на доделувањето на Греми наградите.

Некои отидоа дотаму што напишаа дека Бијонсе воопшто не е трудна и дека сурогат мајка им го носи детето на неа и на Џеј Зи.

Но, што со сликите од Хрватска каде јасно се гледа заоблениот стомак на Бијонсе?

Затоа, луѓе, оставете ја жената на раат да си го носи детето, па заедно да прославиме за раѓањето на едно од најславните бебиња во февруари.

А, еве го и целото интервју, па одлучете сами:

Напиши коментар