ШоуБиз

Ријана избркана од стриптиз бар!

Иако нејзината кариера моментално доживува кулминација, по сè изгледа дека нејзиното ексцентрично однесување привлекува многу повеќе внимание. Неодамна ја исфриле од еден стриптиз бар во Лондон, бидејќи ги допирала танчерките.

Пејачката од Барбадос за време на својот престој во Лондон одлучила добро да се забавува, па си го повикала поранешниот дечко Мет Кемп да ѝ се придружи во еден стриптиз бар.

Во последно време е позната по сексуалноста на сцена, но овој пат навистина претерала. Иако на почетокот мирно уживала во настапот на полуголите танчерки, многу набрзо работите излегле од контрола. Очевидци во стриптиз клубот тврдат дека крајно се шокирале кога Ријана одеднаш почнала да ги допира танчерките на непримерен начин. Во овој клуб, познато е дека никој не смее да ги допира девојките. Ријана најверојатно си помисила дека правилата за неа не важат.

Тие што биле присутни тврдат дека Ријана ги допирала топлес танчерките по целото тело, а во еден момент ја ставила својата глава меѓу нозете на една танчерка. Откако била предупредена неколку пати, обезбедувањето ја замолило да го напушти клубот и повеќе никогаш да не стапне во него.

Напиши коментар