ШоуБиз

Ријана каква што досега не сте ја виделе!

Оваа пејачка нè навикна на секси стајлинг, на провокативни спотови и фотографии, но ова што сега ќе го видите ги шокираше, а воедно ѝ ги воодушеви сите нејзини фанови.

23-годишната пејачка Ријана во снимката која трае нецели четири минути, ги собрала најубавите моменти поминати со нејзиното семејство. Нараторот од видеото, кое Ријана го пласира за Денот на благодарноста, е нејзиниот ментор Џеј Зи.

Во видеото можете да ја видите Ријана без шминка, без провокативна облека и во опуштени разговори со нејзината мајка, со нејзината баба и со нејзиниот брат.

Погледнете го видеото кое гласи „Семејни вредности“:

Напиши коментар