Иако нејзиниот спот за песната „We Found Love“ беше забранет да се емитува во Франција пред 10 часот навечер, Ријана многу не обрнува внимание на критиките во врска со нејзините контроверзни и премногу експлицитни спотови.
На оваа забрана Ријана одговори со уште попровокативна фотосесија на која се гледаат женски раце кои ги допираат градите на пејачката од Барбадос.
Новите слики покажуваат една уште посензуална Ријана во прозирна кошула, како се допира по своите интимни делови.
Погледнете и сами:



