ШоуБиз

Ријана не штеди на својот брат

Саботата беше ден за дружење помеѓу популарната пејачка Ријана и нејзинот помал брат Рајад. Тие се дружеа додека купуваа игри за Сони Плејстејшн за малиот Рајад.

Облечени во складна гардероба, братот и сестрата се прошетаа во шопинг центарот Grove во Лос Анџелес. Најпрво купуваа игри, а потоа се упатија кон Norstrom за да купуваат облека.

Пејачката од Барбадос постојано изјавува дека многу го сака својот помал брат и дека би сакала да поминува повеќе време со него, но дека има премногу обвски. Па Ријанче, знаеме дека си млада, но наместо да се журкаш по јахти и ноќни клубови, одвојувај повеќе време за семејството.

Напиши коментар