ШоуБиз

Ријана, олади малку!

Ријана се појави во јавност откако пред некој ден беше хоспитализирана од грип и мораше да откаже некои настапи во Шведска. Пред објективот на папараците изгледаше  уморно. Облечена во дебел капут и придружувана од телохранителите, се упатила кон својот хотел во Стокхолм.

Докторите ѝ препорачале да го намали интензивното темпо на живот и помалку да пие и да лудува. Тие се загрижени дека Ријана воопшто нема време за одмор. Таа или е во студио, или е на сцена или се журка по ноќните клубови.

–   Ако не се одмара, голема е веројатноста да закачи уште некоја сериозна болест, – коментираат лекарите.

Епа, Ријанче, одмори се малку, има време за дружба!

Write A Comment