Популарната пејачка од Барбадос за малку ќе го откажела концертот во Даблин поради преголем стрес и притисок од светската турнеја.
23-годишната Ријана пред настапот доживеала емоционален и нервен слом, но сепак, успеала да настапи откако се слушнала со Бијонсе.
Постарата колешка ја советувала да ја сработи закажаната турнеја и потоа да направи пауза од една година. Сигурно зборовите на Бијонсе помогнале, бидејќи по разговорот Ријана собрала сила и го одржала договорениот концерт.
Ријана пати од хронична исцрпеност и стрес, а блиски извори тврдат:
– Таа е само една млада жена која сака да се забавува, но сега е прилично уморна. Многу излегуваше за полесно да ги надмине стресот и притисокот, па имаше денови кога се будеше и не знаеше каде се наоѓа, поради пречестите патувања.
