ШоуБиз

Ријана си доби двојничка во Лондон

Популарната пејачка Ријана е оковечена во најпознатиот музеј на восочни фигури на светот, лондонскиот „Мадам Тисо“. Пејачката конечно си заслужи своја лична фугура од восок во Лондон. Во американскиот музеј со исто име таа веќе пред една година си доби восочна двојничка.

Фигурата на Ријана е вистинска атракција, па заедно со фигурите на своите колешки Бритни Спирс, Кајли Миног, Лејди Гага и Ејми Вајнхаус претставува еден од најбараните експонати изминативе денови.

Ријана е инаку позната по специфичните комбинации на облека и фризура, а на општо изненадување на сите, нејзината восочна фигура е облечена во невообичаено долг, црн, елегантен фустан, каков што пејачката многу ретко носи.

Овој фустан таа го носела на минатогодишната финална вечер од британското реално шоу „Икс Фактор“.

Write A Comment

iptv satın al   iptv   iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv