ШоуБиз

Роби Вилијамс периодов ќе се посвети на секс:)

Роби Вилијамс планира што поскоро да стане татко, па со својата сопруга Ајда веќе почнале да смислуваат имиња за своите идни деца. Во едно интервју за „Times Magazine“ тој рекол дека ужива во одморот по турнејата со „Take That“ и дека со сопругата сеуште не почнале да работат на темата: деца.

–    Таа сака фудбалски тим, а јас сакам две деца. Момче и девојче. Ќе ги викаме Вуди и Сони. Кул, зарем не? Ајда сака веднаш да почнеме да правиме дете, но јас само што завршив со турнејата. Ќе одморам до Божиќ, а после тоа ќе почнеме со вежбање – изјавил пејачот.

Изјавил и дека му е мило што чекал да стане татко во доцните 30-ти бидејќи сега може да биде подобар татко.

–   Чекав досега, работев тоа што морав, стигнав дотука без деца. Сега сум постар, позрел и децата ќе си дојдат сами по себе.

Признава дека во минатото имал проблем со верноста и се плашел дали ќе може да ѝ остане верен на Ајда. Сепак, сега тврди дека ја пронашол вистинската и дека Ајда никогаш не ја изневерува.

Напиши коментар