Убавина

Рокот на траење на шминките, трик или вистина?

Колку се штетни шминките со поминат рок?

Често се случува да купуваме шминки и козметика која и не ни е потребна во моментот, па дома имаме складирано куп работи кои не ги користиме. И кога ќе дојде моментот да направиме ревизија на она што го имаме гледаме дека голем дел од шминките се со поминат рок.

Дали треба да ги фрлиме или не?

Голем дел од козметиката и шминките кои ги користиме, доколку не ги затвориме убаво и не ги чуваме на суво и темно место може да го изгубат рокот уште пред да помине означената дата. Доколку имате осетлива кожа ве советуваме да не ги користите препаратите со поминат рок. Тие може да предизвикаат бактериска инфекција.

Но, до тоа може да дојде и доколку вашата козметика ја делите со своите пријателки.

Доколку е поминат рокот на сенките, тоа не предизвикува некоја голема промена поради нивниот состав. Но, стручњаците најстрого ги забрануваат пудрите за лице и маскарите со поминат рок. Тие се навистина опасни.

Руменилото може да го користите со години доколку го затварате правилно и го чувате на суво и темно место. За да ви потрае многу подолго најдобро чувајте го во фрижидер.

Со таа цел направено е едно истражување во Велика Британија. Во институтот каде е направено истражувањето, стотици жени однеле козметика која ја користат подолго од пет години. За да се утврди сигурноста за користење на производот одобрен е одреден број на бактерии по грам од секој производ.

Резултатите покажале дека секој тестиран производ содржи помалку од 10 бактерии по грам од производ, што е нормално и дозволено за употреба. Тоа докажува дека пудрите, маскарите, сенките, и кармините може да се користат и до пет години.

Затоа не верувајте секогаш на она што го пишува на пакувањето. Рокот некогаш се користи и како трик за поголема потрошувачка на нивните производи.

Напиши коментар