ШоуБиз

Роналдо праќа голи слики од обожавателки

Кристијано Роналдо сосем случајно им ги пратил голите фотографии од една својата обожавателка на своите пријатели, роднини и на девојка си Ирина Шајк. Познатиот фудбалер добил пет експлицитни фотографии од една прекрасна обожавателка од Германија, која му праќала и секси пораки. Роналдо случано им го проследил тој мејл на сите контакти од својот именик. На некои фотографии девојката позира во маичка под која се гледаат сите облини и на која пишува „Прмногу жешка за тебе“. Во мејлот му напишала како сака да биде со него и дека му се восхитува.

Освен девојката, сликите ги добиле и Пикси Лот, Ким Кардашијан и многу други познати личности. Оттогаш Роналдо е затрупан со јавувања и пораки од збунетите добитници на пораката.

–        Сите го бараат и прашуваат што е работата. Сите сакаат да знаат нешто повеќе за девојката од сликата. Мораше да објаснува дека се работи за некоја обожавателка која му праќа слики и дека наместо „delete“ притиснал „forward“. Многу му е непријатно поради сето ова, а особено бидејќи мејлот го доби и Ирина, која засега не го прашала ништо, – изјавил близок извор на Роналдо.

Напиши коментар