Направен на платформа на БМВ, од страна на група ентузијасти, овој руски автомобил,изгледа, го има шмекот на БМВ моделите од пред 20тина година.
Станува збор за Волга кабриолет, направена на платформа на БМВ-а 650i, која под својата хауба има 4.8-литарски V8 мотор со 368 КС.

Околу вкусовите не треба да се расправа, па така на некој овој автомобил ќе гледа како скрнавење на БМВ, додека пак други со воодушевување ќе гледаат на рускиот автомобил.

Во секој случај, ова е прав скок од советската ера во 21 век, затоа што станува збор за модел на Волга произведен пред повеќе од 50 години.

