ШоуБиз

Сакам секс на тракторот во нивата од каде ме избркаа:)

На својот официјален ЈуТјуб канал, пејачката Ријана се нашали по повод неодамнешниот скандал со ирскиот фармер кој ја избрка насред снимање, бидејќи била премногу провокативно облечена.

–   Само што си ја соблеков маичката и сакам да имам секс на тракторот. Ма не, само се шегувам, не сакам на трактор туку на некој јак автомобил, – изјави лудата Ријана.

Сепак, иако фармерот им создаде мали проблеми, Ријана е презадоволна од тоа како ќе изгледа спотот за „We Found Love“.

–  Никогаш досега не сум снимила вакво видео. Ова е веројатно еден од моите најдлабоки спотови. Се работи за љубовта и за тоа дека љубовта е еден вид на дрога. Сè ќе ви биде јасно кога ќе го погледнете музичкото видео. За убави работи и за опасната страна на љубовта, за тоа се работи.

 

Напиши коментар