← НАЗАД НА БОЗА

Сакате шминка како на Адел? Погледнете како да го изведете тоа:)

Сакате шминка како на Адел? Погледнете како да го изведете тоа:)
1962 Читања

Освен тоа што Адел има прекрасен глас, таа секогаш има и прекрасна шминка. Доколку сакате да изгледате како неа, погледнете како треба постапно да се шминкате.

Најпрво целото око прекријте го со сенка во боја на кожа. Потоа ставете боја на сенка која е најслична со бојата на вашите очи. Тоа направете го исто така преку целиот капак.

Следната постапка е ставањето на седефаста сенка. Нанесете ја внимателно во пределот каде се преклопува очниот капак.

Следен чекор е нанесување на креон. Тоа ќе го направите така што ќе го потегнете крајот на окото, за да ја оптегнете кожата на очниот капак. Повлечете линија која ќе ја прати линијата на трепките. Исто така важно е да го ицртате и долниот дел од окото. Пратете ја линијата на репките па одете се до врвот на окото.

Потоа краевите од црната линија на очите засенчајте ги. По тоа поминете со туш низ целата црна линија.

Последниот чекор е нанесување на маскара. Изберете ја според ваша желба, онаа која најмногу ви одговара. Но, за да го имате ефектот кој го има Адел се препорачува маскара која го зголемува волуменот на трепките.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk