Керозин

Само двесет среќници ќе возат Ламборџини Сесто Елементо!

Стефан Винкелман или првиот човек на Ламборџини го потврди производството на моделот Сесто Елементо.

Почетокот на производството не го зимајте при душа бидејќи лимитираната серија на суперавтомобилите кои се движат со Ве-10 мотор и силина од 570 КС ќе биде произведена само во дваесет примероци. Благодарение на карбонската конструкција на автомобилот, овој модел е тежок само 999 килограми, а на некои места ја „допира“ и стотката со сите две и пол секунди.

Винкелман на презентацијата во Франкфурт изјави дека купувачите бараа ваков производ:

„ Во постојан контакт сме со нашите клиенти и тие не натераа да им го понудиме овој суперсилен и брз модел со брутални перформанси. Мислам дека Сесто Елементо ќе покаже како ќе изгледаат во иднина спортските тркачки автомобили. Ќе произведеме само 20 примероци, а тие ќе бидат наменети првенствено за возење по стаза. Првите испораки ги ветивме за почетокот на 2013 година.

Напиши коментар