Прекрасната актерка напорно вежбала по гадниот развод со Џеси Џејмс. Можеме слободно да речеме дека суетата прави чуда.

Сандра Булок се појавила на филмска премиера во Њујорк и ги засенила сите присутни. Во едноставна црна облека, без многу накит и шминка, во прв план ја ставила својата совршена фигура.
Откако минатата година се разведе од „лошиот дечко“ Џеси Џејмс, кој ја изневеруваше, Сандра напорно вежбала и ја довела својата фигура до совршенство. Суетата си го направи своето – секоја чест! Освен тоа се шушка и дека Булок е во врска со Кијану Ривс, па можеби и затоа цело време на премиерата се смешкала и изгледала прилично задоволна.

