Ова е интересен предлог за сите оние кои сакаат самите да си подготват вкусна сангрија
Потребни состојки:
2 шишиња ладно суво црвено вино
1 чаша ракија
1 чаша сок од портокал
1/4 чаша шеќер (ако имате ситен бел уште поубаво)
2 портокали, сечени на тенки кругови
2 лимона, сечени на тенки кругови
3 лимета- лимони, сечени на тенки кругови
2 јаболка, излупени и исечени на парчиња од по 1 сантиметар
2 чаши ладна клуб сода
Начин на подготовка:
Во голем сад ставете ги виното, ракијата, сок од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се растопи. Додадете ги портокалите, лимонот, лиметата и парчињата јаболко. Ставете во фрижидер додека убаво не се излади, околу 1 час. Извадете ја сангријата од фрижидер и додадете ја содата. Се служи во чаши со мраз.