ШоуБиз

Сара Џесика Паркер со сателит на глава

Сите ја знаеме по нејзиниот невообичаен вкус на облекување во „Сексот и градот“, но се чини дека Сара Џесика Паркер сè повеќе се внесува во улогата на Кери Бредшо.

Вчера, во Мелбурн, Сара се појави со неверојатна шапка, дело на познатиот Филип Трејси. 46-годишната актерска ѕвезда е голем обожавател на овој ирски дизајнер и негови дизајни на шапки има носено на двете премиери на филмовите „Сексот и градот“. Но, барем тие дизајни изгледаа прилично нормални, споредени со овој.

Коментарите на публиката беа дека Сара на главата носела вселенска чинија. Како и да е, Сара никако не ги разочара своите 1.500 обожаватели кои чекале да го слушнат и видат својот идол. Целта поради која Паркер беше во Австралија е да го промовира својот најнов филм „I Don’t Know How She Does It“.

Write A Comment