ШоуБиз

Се пораѓа Карла Бруни… детето на пат!

Од вчера започнаа да кружат информации дека Карла Бруни Саркози се наоѓа во болницата „Clinique de La Muette“ во 16-тиот арондисман во Париз. Се очекува секој момент да се породи. На сите возачи на моторни возила им е забрането да се ѝ доближуваат на болницата. Целиот комплекс е под строг надзор на француските служби за безбедност.

На сите новинари им е забрането да бидат во близина на болницата уште од понеделникот, така што многу е тешко да се добијат било какви детаљи во врска со пораѓањето на првата француска дама.

Инаку, официјално соопштение за породувањето во јавност сеуште нема. Останува на новинарите да се борат и за најмалата информација, или пак, само да си претпоставуваат.

Напиши коментар