ШоуБиз

Се потврди, Џесика Симпсон чека девојче

Оваа позната пејачка и актерка кончено потврди деке е бремена и дека очекува да роди девојче.

Џесика Симпсон (31) и нејзиниот вереник, поранешниот бејзбол играч Ерик Џонсон (32) досега молчеа за бременоста на Џесика. Наводно, молчењето е бидејќи потпишале договор вреден пола милион долари со едно американско списание дека токму тоа списание ќе ја најави спектакуларната вест за бременоста заедно со фотографии од среќното семејство.

Извори блиски на парот кој треба да се венча наредниот месец на Хаваите, велат дека розевата соба е веќе готова, а двојката се двоуми меѓу имињата Морган и Керен.

Џесика позади себе веќе има еден брак со музичарот Ник Лешеј, од кој се раведе во 2005 година.

Напиши коментар