Се продава голиот портрет на Лејди Гага кој го наслика музичарот Тони Бенет. Продажбата ќе се изведе по пат на аукција. Сликата е нацртана ден потоа, откако е сниман дуетот на Тони Бенет и Лејди Гага, а сите пари од продажбата ќе одат во хуманитарни цели.
Освен актот, ќе се продаваат и постери со автограми лично потпишани од Лејди Гага, а обожавателите за нив ќе се наддаваат на „e-Bay“.
Веднаш по сликањето Гага изјавила:
– Ми беше срам. Во еден момент се запрашав што правам јас таму, целосно гола. Тони е страшно згоден и ми беше непријатно секој пат кога жена му ќе се најдеше во близина, бидејќи тој беше многу внимателен и шармантен кон мене, – го споделува Гага искуството при сликањето.
