← НАЗАД НА БОЗА

Се скараа судиите на Американскиот Идол! И после само ние балканците сме се карале…

Се скараа судиите на Американскиот Идол! И после само ние балканците сме се карале…
940 Читања

Џенифер Лопез, една од судиите на Американскиот Идол објави дека се скарала со Ренди Џексон и Стивен Тајлер, кои се исто така во улога на судии на ова музичко шоу.

„Се скаравме со Ренди и Стив и јас навистина, ама навистина се вознемирив“, изјавила Џеј-Ло за американското Кис ФМ радио.

До кавгата дошло на последната аудиција откако Џеј-Ло изјавила дека била воодушевена од изведбата на една од кандидатките. На тоа Тајлер изјавил дека не се согласува и побарал да испее уште една песна.

„Навистина се изненадив од однесувањето на Тајлер. Мислам дека сите бевме спремни да гласаме“, вели популарната пејачка.

Откако кандидатката ја испеала втората песна, Џексон и Тајлер решиле да не ја пуштат понатаму.

„Не ми се веруваше дека ја исфрлија. Мислев дека се шегуваат. Девојката дефинитивно заслужи да оди понатаму“, додава Џеј-Ло.

Џенифер, знаеме дека поминуваш низ тежок период од животот, особено по разводот со Марк, но сепак тоа не е оправдување да се караш со другите само затоа што не ја исполниле твојата желба. Сепак, за да се помине во Идол потребни се два гласа, а не еден, нели?

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk