ШоуБиз

Се врати со неверојатно деколте

Долго ја немаше, а сега се врати во топ форма и со неверојатно деколте. Оваа талентирана пејачка неодамна се породи и моментално има петмесечна ќерка.

Пејачката Пинк се појави во Лос Анџелес на премиерата на цртаниот филм „Happy Feet Two“ во друштво на својот сопруг. Сите приметија дека еден дел од нејзиното тело изгледа совршено. Пинк покажа бујно деколте, што и не е баш карактеристично за нејзината фигура.

Двојката со себе ја донесе и малата ќеркичка, која досега внимателно ја криеа од очите на јавноста. Пинк некое време се криеше поради вишокот килограми, но сега изгледа одлично и нема никаква потреба да се срами од себе. Всушност, треба да биде горда на својот изглед.

Напиши коментар