Најпопуларниот тинејџерски пар во светот Селена Гомез и Џастин Бибер, беа фатени од страна на папараците како разменуваат нежности за време на свадбата на која присуствуваа кај еден пријател. Гомез како најубава деверушва била неверојатно среќна на целата церемонија, а Џастин не ја испуштал од прегратки, заедно разменуваа бакнежи, па веќе почнаа медиумите да шпекулираат дали тие се следниот пар кои ќе се венча.
Фотографиите од свадбата на која присуствуваа Џастин и Селена на плажата во Лос Кабос, Мексико, говорат многу за нивната љубов.









