Дестинации

Селото од бајките

Прекрасниот мозаик од вода, и околниот шумски предел се наједноставното издание на ова место во Латвија, 80 km северо – источно од главниот град Рига. Кога ќе се вклучат маестралните мини- вили, парковите и свежиот воздух, веќе е јасно дека станува збор за една од најубавите туристички атракции.

Селото од бајките, псевдонимот на ова село, само по себе кажува за убавината на ова парче рај. „Откинатите парчиња“  мастилова вода комбинирани со прекрасната зелена површина се совршен повод за ова место да биде населено, да почне да се гледа како одлична туристичка инвестиција, а оттука и да биде оживеана неговата бујна природа и енормна убавина. Вилите се достапни за да Ви ги разграничат секојдневните проблеми од чистиот поглед кој Ве релаксира, комплетно се опремени иако се тешко достапни. Секој кој бил на ова место знае колку е тенка линијата меѓу позитивното кое го нуди природата и динамиката која ја нудат метрополите. Ви предлагаме да ја почувствувате разликата, за почеток , преку овие прекрасни идилични слики.

 

Write A Comment