Затоа што маските подготвени во кујната се доста барани, лесни за подготовка и исто толку многу ефикасни и овој пат ќе ви понудиме неколку маски за кожа.
Сенф
Сенфот ќе ја направи вашата кожа затегната и мека. Ова е одлична маска доколку се наоѓате во годините кога кожата на лицето е подложна на појава на брчки. Потребно е само да имате благ сенф, и да го натапкате на лицето. Внимавајте да не е силен сенф кој може и да ја иритира кожата.
Млеко во праф
Половина шолја млеко во вправ помешајте со доволна количина на вода, колку да се формира смеса како паста. Потоа нанесете ја на лицето и оставете да делува 20 минути. Тоа ќе ја направи вашата кожа мека, свежа и затегната.