ШоуБиз

Сестрата на Бекам не е толку пош како жена му :)

Можеби Дејвид Бекам им е нешто заедничко, но неговата сестра и неговата жена дефинитивно не живеат ист живот.

Лин Бекам (39) е забележана со своето бебе во Есекс на Божиќ, а нејзиниот изглед и стил не може ни оддалеку да се спореди со тој на Викторија Бекам и нејзината 5-месечна ќерка.

Лин нема шминка, косата ѝ е врзана во несредено коњско опавче и носи широка, црна облека. Изгледа доста постаро за своите години, а нејзиниот сопруг бил 18 месеци во затвор откако претходно бил осуден за 18 прекршоци.

Иако Бекамови беа во Есекс за божиќните празници, тешко дека ја посетиле сестрата на Бекам. Бекам не е во блиски односи со сестра му бидејќи никогаш не ја одобрил нејзината врска и поранешен брак со Колин Евери.

Write A Comment