ШоуБиз

Шакира советник на Обама!

Американскиот претседател Барак Обама ја ангажирал Шакира за советник во американскиот одбор за образование „Hispano“.

Пејачката го доби ова работно место од Белата куќа и тоа во средата, а честа ѝ припаднала токму неа бидејќи во 2005 година ја основала фондацијата „Barefoot“, која гради училишта и им помага на сиромашните деца од целиот свет. Од 2003 година таа е и амбасадор на УНИЦЕФ.

„Шакира е почестена што претседателот ѝ ја довери оваа одговорна улога. Таа досега им има помогнато да се школуваат на 6.000 деца во Колумбија“ – изјавил нејзиниот портпарол.

Не е тајна дека Шакира е голем обожавател на Обама и ја поддржува неговата работа.

Нејзиниот портпарол, исто така, изјави и дека нејзината врска со Пике и понатаму трае и дека нема никакви траги од неверство, а шпекулациите се чиста лага.

Шакира и Пике и понатаму се заедно и среќно вљубени.

Уффф, фала му на Бога, на сите ни олесна!

Напиши коментар